-->

Куќичка на дрво од 56 илјади евра

Едно десет годишно руско момче, наскоро ќе може да го оствари сонот на секое дете - да има своја куќичка на дрво, но неговата нема да биде обична куќа, туку луксузна трикатна колиба, вредна 56 илјади евра.

Изработена од даски со полно дрво, оваа детска куќа, долга 12 метри, ќе има рефлективни стакла на прозорците, скали и мост од јаже, кој ќе се крева и спушта.

Просториите ќе бидат прилагодени за игра и за учење со приватен учител, а во една од нив ќе биде поставен и плазма телевизор, изјави претставникот на компанијата „Нортантс“ од Воласотн, која веќе осум години ги дизајнира и ги произведува овие куќички.

 

Copyright © 2009 selotejp.com