-->

BitDefender GameSafe - антивирус за гејмери

BitDefender претстави нов производ за антивирусна заштита наречен BitDefender GameSafe, кој е наменет за љубителите на онлајн игрите.

BitDefender GameSafe е наменет за заштита на вашиот компјутер од спајвер, вируси, rootkit-ови и обиди за phishng, со минимална искористеност на перформансите на компјутерот додека играте. Освен тоа, како што велат производителите, GameSafe нуди заштита за неовластено користење на безжичната конекција на корисникот.

Познато е дека на машините со "зафатен" процесор им е потребно повеќе време за пренос на пакети на интернет, со што доаѓа до каснење (delay) во играта. GameSafe го одржува оптеретувањето на процесорот, меморијата и виртуелната меморија на минимум, а со тоа на играчите им овозможува одлично време на одговор - без разлика дали играат онлајн или локално.

GameSafe модот се вклучува со еден клик. Доколку сте страсен гејмер и мака мачите со вашиот антивирус, нема да останете рамнодушни се додека не го испробате и овој софтвер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com