-->

Game Boy слави 20 години

Пред точно дваесет години, Nintendo го претстави својот Game Boy. Малата играчка конзола која за кратко време излуди милиони луѓе низ цел свет, беше продадена во повеќе од 200 милиони примероци.

Токму на Game Boy заживеаа некои од култните виртуелни ликови како Super Mario и Pokemon, а најдобра одлика на конзолата беше големата игривост која ја нудеше. Ако имате држено Game Boy, тогаш знаете за што збориме.

Интересно е што почетната цена на оваа конзола во Јапонија изнесуваше само 8.000 јени - односно околу 80 долари, иако стануваше збор за првата преносна конзола на која корисниците можеа да менуваат игри и да играат цели 35 часа со само 4 батерии :)

Во Nintendo велат дека најзаслужен фактор за успехот на Game Boy е токму нивната филозофија и пристап, кои се секогаш ориентирани кон младата популација, развивајќи интересни игри кои едноставно сите сакаат да ги играат.

Nintendo продолжи со истиот пристап и кај другата "рачна конзола" Dualscreen (Nintendo DS) која до сега е продадена во повеќе од 100 милиони примероци.

 

Copyright © 2009 selotejp.com