-->

BlackBerry Storm 2, со поддршка за WiFi?

Според информациите кои може да се прочитаат низ мрежата, Research In Motion наскоро планира да исфрли нова верзија на популарниот BlackBerry Storm, која покрај другото - ќе има и поддршка за WiFi.

Според информациите на SlashGear, кои се повикуваат на сеуште неименуван извор, надградената верзија на BlackBerry Storm би требала да се појави на пазарот во текот на септември и би била наменета пред се' за "обичните" корисници - поради што, освен поддршката за WiFi, може да очекуваме и други мултимедијални опции како и подобрен софтвер.

Се зборува и за подобрување на дисплејот кој во новата верзија би требало да им понуди на своите корисници далеку подобро "тач" искуство. RIM би требало да ја подобри и камерата на телефонот, која се очекува да има резолуција од 5 мегапиксели.

Ако се земе во предвид фактот дека токму недостатокот на WiFi поголемиот број на корисници го сметаат за најголемиот минус на BlackBerry Storm, новата (и подобрена) верзија би требала да привлече уште поголем број на задоволни корисници.

 

Copyright © 2009 selotejp.com