-->

Напрскај за да стои! Спреј против прерана ејакулација!

Научниците од целиот свет непрекинато работат на подобрувањето на нашиот сексуален живот. Овој пат во прашање е прераната ејакулација, а решението е, верувале или не, во спреј.

Во ова научно истражување биле вклучени 300 мажи од Европа кои боледуваат од прерана ејакулација, половина од нив добиле плацебо, а половина добиле од новиот препарат – спреј PSD502, како би се проверило дали навистина ја подобрува издржливоста.

Овој магичен спреј содржи лидокаин и прилокаин, елементи кои се користат при локална анестезија и пред тетовирање или ласерска епилација.

Учесниците во истражувањето морале да ја напрскаат својата машкост со овој спреј, 5 минути пред сексот, и да се воздржуваат од мастурбација или било каква генитална стимулација 24 часа пред сексуалниот однос.

Мажите кои го користеле спрејот биле поиздржливи за во просек 3,8 минути, додека кај оние мажи кои користеле плацебо не е забележан таков ефект.

Можеби некои ќе помислат како 3,8 минути и не е некој напредок, но тоа е почеток.

Како и да е, ова истражување и дало надеж на професорката W. Wallace Dinsmore од болницата Royal Victoria во Белфаст.

Сите мажи кои го користеле спрејот изјавиле дека не само што оргазмот им е подобар од претходни, туку и им се зголемила издржливоста, подобро се контролираат, под помал стрес се, позаводливи и посамоуверени.

 

Copyright © 2009 selotejp.com