Иако по трансферот вреден 16,5 милиони фунти, русинот одлично се вклопи во тимот и последните неколку кола постојано постигнува погодоци за Арсенал, се чини не е задоволен од тоа како му поминува секојдневнието.
"Многу ми е тешко. Се е необично околу мене, се уште живеам во хотел. Следната недела би требало да се преселам, се надевам дека наскоро ќе се привикнам." - признал Аршавин и додал:
"Многу Среќен сум што сум дел од англискиот фудбал и што играм во најсилната фудбалска лига во светот, но несреќен поради секојдневниот живот. Никогаш претходно не го напуштав Сент Петерсбург." - со тажен израз на лицето фудбалерот им се обрати на британските новинари.
Слична мака имаше и фудбалерот на Тотенхем, Павличенко, но по почетниот период се навикна на новиот дом - далеку од дома. Се чини далеку е таа Русија, штом толку плачат за неа.