Најновиот извештај на Microsoft потврдува еден факт кој го знаеме од поодамна - удделот на спам пораките во вкупниот број на пратени пораки преку електронска пошта е над 90%.
Кога станува збор за тематиката, спам пораките најчесто се обидуваат да ни продадат одредени лекови, додатоци за зголемување на машкиот полов орган или луксузните предмети како Ролекс часовниците и слично. Може да содржат и одредени вируси кои се обидуваат да ни го заразат компјутерот.
Вирусите се сепак најчести во форматите на познатиот MS Office канцеларискит пакет или во „pdf“ форма, известуваат од Microsoft. Mалку поразлични резултати понуди аналитичката компанија MessageLabs според која удделот на спам пораките моментално изнесува 81%, но дека набргу ќе се качи и преку обичните 90%.
Најмногу инфицирани компјутери има во Русија и Бразил, а по нив доаѓаат Турција и Србија. Глобално гледано, удделот на инфицирани компјутери изнесува 8.6 на секои 1.000 незаразени компјутери.
За крај, потсетување: користете некое од антивирусните решенија чија база не мора секојдневно да се надоградува. Надоградувајте го оперативниот систем кој го користите и во никој случај не оставајте ги спам-пораките во своето виртуелно поштенско сандаче.