Во минатите шест месеци, американската војска потрошила повеќе од 100 милиони долари за поправање на штетите од сајбер нападите, како и на санација на други проблеми поврзани со својата компјутерска мрежа.
Пентаготн има прилично големи проблеми со компјутерската безбедност. Капетанот на Стратешките сили на американската војска, генерал Кевин Чилтон ги извести новинарите дека трошоците за поправка на штетите од сајбер нападите на компјутерите и мрежите на Пентагон достигнаа повеќе од 100 милиони долари. Според него, Пентагон го напаѓаат сите: тргнувајќи од тинејџерите на кои им е досадно, до организираните служби за сајбер напади на одредени земји. Генералот Чилтон додаде дека меѓу напаѓачите има и ситни криминалци кои се обидуваат да заработат мали пари со загрозување на американската виртуелна сигурност.
На конференцијата за новинари, ниту генералот Чилтон, ниту генералот Џон Даер, заменик капетан за мрежни операции, не открија колкав процент од потрошените пари отишол на санација на штетата од намерните напади на странските служби, а колкава штета предизвикале вирусите и останатите предизвикувачи за кои генерално се криви самите вработени во министерството за одбрана.
Во американската воена и безбедносна администрација моментално трае борбата за тоа кој би требало да се грижи за компјутерската т.е. виртуелната безбедност на САД. Во минатото повеќе пати се нагласуваше дека американските одбранбени системи не се адекватни за времето во кое живееме. Во прилог на ова оди и информацијата дека Пентагон минатата година од пристапот до интернет, исклучи 1.500 компјутери поради сајбер напади.