-->

Индија успешно лансираше шпиунски и едукациски сателит

Индија денеска во орбитата постави сателит што ќе и помогне на земјата во јакнењето на одбранбениот систем и контролата на границите, јавуваат медиумите.

Сателитот е од израелско производство, а во орбитата го однесе индиската ракета PSLV-C12. Индија на ваквиот чекор се реши по терористичките напади во Мумбаи, во кои загинаа најмалку 166 луѓе.

Освен 300 килограми тешкиот сателит-радар, од вселенскиот центар Сатише Даване во индискиот град Шрихарикоти, во јужниот дел на Индија, денеска е лансиран и едукативен сателит од 40 килограми.

По 19 минутен лет сателитите се поставени во орбита на 550 километри над Земјата. Главниот сателит може да ја снима Земјата во сите временски услови и постојано да ги надгледува границите. Едукацискиот сателит на Универзитетот Ана ќе ги надгледува сушните подрачја и пустините.

 

Copyright © 2009 selotejp.com