По се изгледа дека САД има моќ да го исклучи интернетот ако некогаш дојде до сериозен сајбер напад. Малку познатиот закон кој го одобри Сенатот и овозможува на владата да го исклучи интернетот во случај на опасност и овозможува надгледување на приватните администрациски мрежи. Ова значи дека ако претседателот нареди, владатата може да ја сопре интернет содржината и да прегледа сите приватни податоци на корисниците. Белата куќа се уште го нема прифатено овој закон, но наводно помогнала во создавањето, наведуваа Washington Post. САД е загрижен поради слабоста во системот со кој се олеснува нападот на мрежата, па сметаат дека блокирањето на целиот интернет е најдобар начин да се спречат таквите напади. И додека ова би можело да биде добра вест за Американците, ова само докажаува колку Америка е во состојба да го контролира интернетот, како и на што се е спремна. |
Во случај на опасност САД може да го банира интернетот
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)