Американскиот претседател Барак Обама пристигнува денеска во посета на Мексико, каде на средбата со мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон ќе ја поддржи борбата на мексиканската Влада против наркокартелите и напорите за подобрување на контролата на американско-мексиканската граница.
Една од целите за посетата на Обама на јужноамериканскиот сосед е подобрување на односите со Мексико и другите латиноамерикански земји, кои беа влошени за време на владеењето на претходниот претседател на САД, Џорџ Буш.
Белата куќа инсистира на тоа дека посетата на Обама треба да прати „јасен сигнал“ до Владата во Мексико дека двете земји се соочуваат со исти предизвици и дека тоа се одразува на нивнито стопанство и безбедност.
Администрацијата на Обама исто така превзема мерки за подобра контрола на американко-мексиканската граница за спречување на шверц на дрога и оружје меѓу двете земји, појави кои само ги зајакнуваат наркокартелите во Мексико.
Во Мексико само минатата година се убиени повеќе од шест илјади лица во насилства поврзани со шверц на дрога.
Вашингтон во рамки на мерките за спречување на евентуалното прелевање на насилството во САД вчера го именуваше Алан Берсино, поранешен сојузен судија во Сан Диего, за раководител на напорите за јакнење на безбедноста на армиканско-мексиканската граница. Тој во времето на претседателскиот мандат на Бил Клинтон имал слично задолжение и бил познат како „цар на границата“.
Министерот за внатрешни работи на САД Џенет Наполитано, објавувајќи го именувањето на Берсино, изјави дека тој ќе работи во насока на тоа „американските граници да станат безбедни и истовремено ќе го поддржува јакнењето на трговијата и размената“.
Освен прашањата врзани за борбата против шверцот на дрогата и оружје Обама со на средбата со Калдерон ќе разговара и за прашањата кои се однесуваат на енергетиката, трговијата и стопанството, истакна Белата куќа.
Обама од Мексико заминува за Тринидад и Тобаго, каде ќе присуствува на петтиот самит на двата американски континента.