-->

Неверојатно лајт шоу!


Ова не е анимација, ниту некаква измама, туку една стара зграда која што се наоѓа во Њу Јорк, осветлена со 7 перфектни HD проектори, а зошто перфектни погледнете го видеото.



Obscura Digital, е компанијата која стои зад ова неверојатно лајт шоу, која користи софистициран софтвер за контрола на ова џиновско HD лајт шоу, кое што се протега на синхронизирани проектори со 20k резолуција, за една странска реклама. Без разлика на маркетиншките цели, ова е едно од најдобрите работи што го имам видено.
Мислам дека користат 3D графика за да го направат вистинскиот свет да изгледа како видео игра, наместо користење 3D графика за да игрите изгледаат како во вистинскиот живот.
За да имате пореална слика околу тоа како работи ова чудо, софтверот што го користи го пресметува растојанието, аголот, површинскиот облик на зградата, компензирање на осветлувањето и други работи.
За вакво нешто да се направи потребно е неколку месечно планирање, но тие успеаа да го направат за неколку дена, затоа што нивната опрема е флексибилна.
Видеото гледајте го со опцијата HD квалитет и низ цел екран, за подобро уживање.

 

Copyright © 2009 selotejp.com