-->

Hole in one кој се гледа само еднаш во животот!


Еден од најдобрите голфери на светот на загревањето на турнирот од Мастерс серијата ги фасцинираше љубителите на голфот погодувајќи со само еден удар и тоа преку езерце, на навистина феноменален начин. Погледнете зошто едно време падна и Тајгер Вудс.

Виџеј Синг од Фиџи спаѓа во кремот на светскиот голф и на преминот од 2004 во 2005 година, 32 недели со ред го држеше врвот на листата најдобри светски голфери, и тоа пред легендарниот Тајгер Вудс.

Во кариерата освои три големи турнири и три години беше најплатен професионален голфер на светот, додека во 2006 беше сместен и во Куќата на славните.


Името на Синг во буквален превод значи ’Лав што победува’, а познат е по темелните подготовки за турнирите во кои со часови пред и по натпреварувањето останува на терен да ја усовршува својата игра.



Веројатно и затоа може да го изведе она што на некои други играчи никако не им успева, да погоди на ваков фасцинантен начин, па дури и да се признае дека за ова треба многу среќа.



 

Copyright © 2009 selotejp.com