-->

Претворете го вашето глувче во супер глушец

Имате направено се за вашиот компјутер да биде подобар и пофункционален, но што е со вашето глувче? Вашиот верен пријател кој стои веднаш до тастатурата, сака да му посветите внимание, но колку од вас сте се запрашале да инсталирате некои апликации кои ќе бидат од корист за вашето глувче. Да бидам искрен, досега ниту еднаш не сум помислил на тоа а верувам и Вие.

Пребарувајќи преку интернет, најдов 3 фантастични freeware и open-source апликации кои што ќе ви помогнат за подобра интеракција со вашиот компјутер. На овој начин ќе ја зголемите вашата продуктивност и ќе го намалите стресот.

Strokeit



Оваа снажна, freeware апликација ќе му даде поголема функционалност на глушецот на било која друга програма која сакате. Но што е сепак? Откако ќе ја инсталирате, притиснете го и држете го десниот клик на глушецот, и потоа користете го курсорот за да нацртате некаква фигура што сакате. Strokeit ќе ја препознае сликата или фигурата што ќе ја нацртате, и ќе ви каже под која команда да ја запомнете. Имате и опција да внесете ваше име под кое ќе биде запамтена фигурата. Strokeit е моќна алатка која секако е лимитирана на вашата имагинација, но немојте да се грижите, не мора да бидите Пикасо.

Оваа апликација можете да ја симнете тука.

Magic Formation


Magic Formation е во концепт на мултифункционална алатка која сигурно ќе ви ја олесни работата со вашиот компјутер. За да ја активирате оваа апликација ќе треба само да нацртате круг со глушецот. Откако ќе ја активирате, ќе ви се појави серија од икони, распоредени во круг, кои што одговараат на апликации вие што ќе ги одберете. И така, кликање на некоја икона ќе ја активира програмата. Толку е едноставно. Ми се допаѓа дизајнот на програмата, затоа што се активира кога ќе посакате.

Оваа апликација можете да ја симнете тука.

Kid-Key-Lock


Дали сте уморни од луѓето (вклучувајќи ги и вашите деца), се зафркаваат со вашиот компјутер кога не сте во собата. Спречете го овој немил настан со една многу интересна програма наречена Kid-Key-Lock. Оваа програма ви дозволува да ги исклучите копчињата на тастатурата и глушецот на модерен начин. Убаво е кога можете да блокирате одбрани копчина на тастатурата, без да ја исклучите цела тастатура или глувче.

Оваа апликација можете да ја симнете тука.

Се надевам дека ќе ви се допаднат програмите кои што ви ги предложив за олеснување на работата со вашиот компјутер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com