-->

Дејвид Хеј ги "обезглави" браќата Кличко

Обележете го календарот на 20. јуни, затоа што тогаш ќе се одвива најинтересниот спортски настан во месецот. За што станува збор?


На прес-конференцијата за претстојниот меч закажан за 20. јуни, британскиот боксер Дејвид Хеј се појави со маичка на која е нацртан тој, застанат во триумфална поза над телата на браќата Кличко - со нивните декапитирани глави во двете раце. Сурово, нели?

Иако станува збор за крајно невкусна и неспортска провокација, Владимир Кличко смирено оддолеа на желбата да направи "пица" од лицето на Дејвид. Барем за сега. Кличко изјави дека ова е срамно однесување на Британецот, за кое тој наскоро ќе ја плати цената во рингот.

"Морам да признаам дека ова не е прифатливо. Ова е границата. Ова не е спорт. Слушајте што ви велам. Дејвид ќе биде казнет. Цели 12 рунди ќе правам пица од неговото лице, а потоа ќе го нокаутирам. Ќе плати за оваа болка во рингот, а потоа и на прес конференцијата каде ќе мора да ми се извини. Ова е срамота. Ова фрла сенка на целиот спорт" - заврши гневниот Украинец Владимир Кличко, кој со нетрпение чекаме да видиме како го делка непромислениот Дејвид Хеј.



 

Copyright © 2009 selotejp.com