-->

Крајслер наредната недела соопштува банкрот

Според тврдењата на Њујорк Тајмс, американското министерство за финансии и Крајслер подготвуваат документи за банкрот кој ќе биде објавен веќе наредната недела.

Наводно, Крајслер се подготвува за банкрот во соработка со синдикатите, и тоа на начин да се заштитат пензиите и здравственото осигурување на членовите. Засега, не е познато каква улога во целата ситуација игра ФИАТ, несудениот партнер на Крајслер, со кој се очекуваше поврзување до крајот на месецов.

Некои сметаат дека ваквиот расплет е само план со кој државата во соработка со Крајслер се обидува да ја избегне наплатата на обрските кон добавувачите на Крајслер, на кои американскиот производител им должи околу седум милијарди долари, а кои тешко би се наплатиле доколку третиот по големина американски производител на автомобили во САД заврши во стечај.

На Крајслер не му требаше долго за да се огласи на наодите на Њујорк Тајмс, па во сиромашното соопштение за медиумите наведува дека сеуште се разгледуваат сите опции, но дека планираат да го одработат наредниот месец до крај и дека се надеваат на соработка со ФИАТ, која би им овозможила промена во работењето, како и проширување на глобалната компетитивност.

 

Copyright © 2009 selotejp.com