Граѓанската асоцијација МОСТ соопшти дека сите избирачки иместа каде оваа асоцијација имала свои набљудуачи се затворени навреме.
МОСТ го следеше, вториот круг од локалните избори во петте општини каде денеска се гласаше, со 149 набљудувачи распоредени во 65 проценти од 123-те избирачки места.Во соопштението од МОСТ се наведува дека во текот на денот нивните набљудувачите констатирале повеќе случаи на семејно гласање на 11 гласачки места во општина Долнени, како и на три гласачки места во општина Студеничани, каде е забележано и нарушување на тајноста на гласањето во повеќе наврати. Во Долнени, забележани се и повеќе случаи на исти лица кои им помагаат на гласачите, се наведува во соопштението.
Граѓанската асоцијација МОСТ, најавува дека ќе го следи и броењето на гласовите и табелирањето на резултатите.