-->

Првични резултати од денешното гласање добиени по електронски пат

Според првичните резултати на Државната изборна комисија од податоците добиени по електронски пат во општината Студеничани на денешното гласање во вториот круг за избор на градоначалник Фати Исени од ДУИ има добиено 3086 гласа, а Исмет Тртовац од ПЕИ 1450 гласа. Резултатите се од обработени 81 процент од податоците.

Во општината Маврово - Ростуше Исмет Ејупи од ДУИ има освоено 1185 гласови, а Мукрем Мехмеди од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 1398 гласови. Од оваа општина обработени се 65 отсто од податоците.

Во Зелениково според добиените резултати по електронски пат Веле Груевски од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ од обработени 87 отсто од податоците има освоено 781 глас, а Борче Гиевски, независен кандидат 855 гласови.

Во општина Долнени обработени се 69 отсто од податиците според кои Боше Милошески од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има освено 2823 гласа, а Абудла Бајрамоски од ДУИ 693 гласа.

Во Чучер Сандево според првичните резлтати добиени по електронски пат од обработени 71 процент од податоците независниот кандидат Јован Пејковски има освоено 1919 гласови, а Воислав Киранџиќ од Радикалната странка на Србите во Македонија 1607 гласови.

 

Copyright © 2009 selotejp.com