Луѓето кои се родени да бидат лидери поверојатно е дека ќе имаат деца, за разлика од оние кои не се наметнуваат и сакаат други да ги водат, откриваат резултатите на последното истражување.
Научниците врз база на повеќегодишни студии открија дека луѓето кои уште во тинејџерските денови покажуваат особини на лидер, до 39-та година од својот живот веќе ќе имаат дете. Лидерите, освен што имаат јасни цели на деловен план, поставуваат високи очекувања и на фамилијарно ниво.
Интересно е дека особините како агресивноста, нетрпеливоста или силното чувство на одговорност не се поврзани со бројот на деца кои еден човек ќе ги има. Во истражувањето се вклучени 1.313 возрасни личности, а научниците ги следеле од 1980 година. Секој испитаник, на возраст од 12 до 21 година решавал тест за личноста. Како лидери се оценети оние кои се сложиле со тврдењето дека „секогаш сакаат да ги превземат работите во свои раце“ и оние кои „сакаат да им наредуваат на другите“.
Можноста за потомство до 39-та година од животот се зголемува за 11% кога се во прашање мажите, а 19% ако жените се во прашање. Сепак, врската меѓу родителот и лидерот во различни земји би дала различни резултати, сметаат научниците. Имено, во општествата каде жените мораат да бираат меѓу кариерата и фамилијата, жените со изразени лидерски капацитети се поврзуваат со помалку деца во семејството.