-->

Чоколадо кое не предизвикува дебелеење

Добра вест за сите љубители на чоколадото. Досетлив професор од Харвард смисли револуционерен гаџет кој на сите чокољубци им овозможува уживање во слаткото задоволство во неизмерни количини, ослободени од стравот дека ќе се здебелат.

Оваа направа на љубителите на чоколадото им овозможува вдишување на мирисот на своето омилено задоволство со цел да ја задоволат потребата за благо (ете, тука е „цаката“). Ја измисли професорот Дејвид Едвардс, а наречена е Le Whiff и доаѓа со четири различни вкуса: мента, малина, манго и обично чоколадо.

Професорот Едвардс на развојот на овој производ соработувал со студентите на Харвард, а бил поттикнат од визијата за можните идни начини на конзумирање на храната.

„Со векови јадеме се помали и помали количини храна во се помали интервали. Ни се чини дека јадењето станува се поблиско до дишењето, а со комбинација на кулинарската уметност и аеросолната наука, дојдовме до еден логичен заклучок“, изјави професорот.

Правот со мирис на чоколадо се наоѓа во мали пластични цилиндри кои корисникот ги вдишува, а производителот тврди дека се работи за потполно безбеден производ бидејќи честичките прав се преголеми за да стигнат до плуќата и да направат некаква штета на организмот. Тие веруваат дека чоколадниот инхалатор кој чини 100 денари и може да се користи повеќекратно е прв чекор кон гастрономската револуција. Сите останати кои веруваат слично може да си го набават Le Whiff од крајот на месецов, кога излегува во продажба.

 

Copyright © 2009 selotejp.com