Во чест на победата на Себастијан Фетел, организаторите на трката за Големата награда на Кина при прославата на подиумот ги интонираа химните на Германија и Велика Британија.
Првиот човек на компанијата Ред Бул, кога е во прашање мотоспортот, Д-р Хелмут Марко, по овој настан изјави дека е разочаран, бидејќи нивната екипа настапува со австриска лиценца, како член на австрискиот авто мото сојуз OAMTC (Osterreichischer Automobil, Motorrad und Touring Club).
Тоа значи дека наместо британската химна „Господ да ја благослови Кралицата“ која Кинезите ја пуштиле поради фактот дека Ф1 тимот е базиран во Милтон Кинс, требало да се свири австриската „Земја на планини, земја на река“ компонирана од Јохан Холцер во 1790 година.