-->

НБА: Победи за ЛА, Денвер, Филаделфија и Атланта

Во синоќешниот натпревар од првото коло на плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата, ЛА Лејкерс поведоа со 1:0 против Јута совладувајќи ги со 113:100.

Најзаслужни за победата на Лејкерси беа Коби Брајант со 24 поени, Тревор Ариза постигна 21, а Пау Гасол 20 поени. Во тимот на Јута најефикасен беше Карлос Бузер со 27 поени, додека Дерон Вилијамс постигна 16 поени и 17 асистенции.

Екипата на Денвер Нагетс на свој терен го совлада Њу Орлеанс со 113:84 и поведе со 1:0.

Во дуелот од првата рунда на плеј-офот на Источната конференција, Филаделфија на гостувањето го совлада Орландо со 100:98. Јунак на натпреварот беше бекот Андре Игудала кој со погодокот на 2,2 секунди пред крајот на Филаделфија и ја донесе победата и водство од 1:0.

Убедлива победа за водство од 1:0 забележа и Атланта, која на свој терен го совлада Мајами со 90:64. Најефиксен играч на домаќините беше Џош Смит кој постигна 23 поени.

 

Copyright © 2009 selotejp.com