Една млада Британка набргу после породувањето ги искусила маките на алергијата каква што тешко и се замислува - алергија на вода.
Речиси сите течности, од оние физиолошките, па се до секојдневните напитоци, се предмет на измачување за 21-годишната Мишел Датон. Откако во 2005 година родила син, докторите и дијагностицирале состојба позната како аквагенска уртикраија (пу, пу!), што на македонски би значено алергија на вода.
При било каков контакт со течности Мишел добива црвенило и пликови, поради што нејзиното туширање не смее да трае повеќе од десеттина секунди, а пијалаците како чај, кафе и сокови мора да ги избегнува доколку не сака болни чирови во грлото.
За чудо, единственото нешто што организмот на Мишел толерира е диетална кола. Животот во грч и се продолжува преку стравот од дождовни капки, па дури и од потта и солзите на сопственото дете кои можат да и предизвикаат црвенило и јадеж.
Докторите ова пореметување го објаснуваат со нерамнотежа на хормоните после породувањето, а во светот досега, после првото опишување на ваквата состојба во 1964 година се забележани меѓу 30 и 40 случаи.
А ние мислевме дека алергија на чоколадо е најстрашното нешто што може да ни се случи...