-->

Велосипедот оди, скок по скок

Веќе подолго време не сме ставиле некое добро екстремно видео, па еве, ја исправaме грешката. Погледнете што прави шкотот Дени МекЕскил низ неговиот роден Единбург во последно време. Иако спотот започнува бавно, верувајте, ќе ви се исплати да го гледате до крај.

Ако никогаш не сте виделе млади кои скокаат со велосипедите по клупите, оградите и кантите за ѓубре, ова ќе ви биде прво искуство еднакво на Богојавление. А ако сепак сте искусни во ова, па сте погледнале дури и некое видео, погледнете го и ова, едно од најдобрите клипчиња на оваа тематика.

Барем од аматерската продукција, клипов е еден од најдобрите street/street trial видеа оваа година. Дени бој, повели...

 

Copyright © 2009 selotejp.com