-->

Светот без нас

Филмското студио Fox ги откупи правата на бестселерот The World Without Us, па наскоро по кино-салите би можеле да гледаме високобуџетна продукција без актери. Во главната улога ќе се појави само Земјата.

Книгата "Светот без нас" (The World Without Us) од Алан Вајсмен во 2007-та се најде на првото место на листата на најпродавани книги на Times, а воодушевува со својот интересен концепт: како би изгледал светот без луѓето кои со својата присутност го обликуваат, но и трошат.

Правата за "Светот без нас: ги откупи Fox, а адаптацијата ќе ја прави дуото кое стоеше зад хитот I Am Legend, сценаристот Марк Протошевич и Френсис Лоренс, кои ќе бидат задолжени за режијата на овој филм без главни ликови. Фокусот е на приказот на реакцијата на природата во отсуство на човечкиот фактор, односно колку време е потребно за Земјата да „си дојде на себе“ и да ги рециклира остатоците на цивилизацијата, вклучувајќи го и нуклеарниот отпад.

Од Fox порачуваат дека нема да се работи за документаристички пристап кон адаптацијата на делото, туку за фикција темелена на сознанијата од книгата, па на пример, ќе се прикажат случувањата кои ќе доведат до исчезнувањето на човековата раса, нешто налик на успешните The Day After Tomorrow на Роланд Емерик или Twelve Monkeys на Тери Гилиам.

 

Copyright © 2009 selotejp.com