-->

Лузерски Сексот и градот 2

На деновите на безгрижниот шопинг им дојде крај и на улиците на Њујорк. Кери и другарките ќе се најдат во беспарица. Рецесијата не го заобиколи ниту Сексот и градот, па драматично ќе се одрази на се.

Второто продолжение на мегауспешниот проект треба да биде готово во 2010 година, па додека се чека Сара Џесика Паркер да ја доврши комедијата Hear About the Morgans, кружат гласини дека во новото продолжение заплетот е околу рецесијата.

И додека Крис Норт не сакаше на медиумите да им открие што ново би можело да им се случи на Кери и Фаца, се шушка дека и понатаму нема да им цветаат рози. Поради глобалната финансиска криза Фаца ќе остане без работа и ќе мора да живее во еднособен стан, а Кери поради љубов ќе мора да се пресели во Лондон. Кери ќе го фати во кревет со друга жена, а откако ќе го остави - дознава дека е трудна.

Слично ќе ја стрефи и џетсетерката (и милферката) Саманта која ќе ја изгуби целата заштеда на берза и ќе мора да оди скала подоле, меѓу смртниците, пронаоѓајќи оригинални начини да му остане верна на својот препознатлив стил.

 

Copyright © 2009 selotejp.com