-->

НБА: Бостон и Сан Антонио поразени на домашен терен

image

Вчера се одиграа првите плеј оф натпревари од НБА лигата. Бостон и Сан Антонио на домашен терен не успеа да ги победат Чикаго и Далас.

Кливленд успеа да го победи Детроит со 102:84, Ле Брон Џејмс освен што беше најдобар на теренот со постигнати 38 поени, од средина на теренот успеа да постигне тројка во последниот момент на натпреварот со што ги крена на нозе присутните во сала.

Дерик Роуз постигна 36 поени во победата на Чикаго против Бостон. Израмнувајќи го рекордот на Карим Абдул Џабар во неговото прво појавување во плеј офот. Далас во плеј офот на гостински терен не забележал победа од финалето во 2006-та година, но со 25-те поени на Хауард и 19-те на Новицки усепа да преминат во водство.

 

Copyright © 2009 selotejp.com