-->

АЗ- нов шампион на холандија



Иако неочекувано загубија на свој терен од Витесе со 2:1, избраниците на Луј ван Гал денеска станаа шампиони благодарение на поразот на Ајакс од 6:2 на гостувањето кај ПСВ.

Аз Алкмар на три кола пред крајот на сезоната има 11 бодови предност во однос на второпласираниот Твенте и 12 во однос на третопласираниот Ајакс па завршницата од првенството може да се одигра без било каков притисок.

Аз Алкмар е основан дури во 1967 година и ова му е втора шампионска титула во кариерата, бидејќи првата ја освои 1981 година. Благодарение на овој успех Аз Алкмар избори директен пласман во Лигата на Шампионите следната сезона и тоа ќе им биде прво учество во елитното европско натпреварување.

 

Copyright © 2009 selotejp.com