-->

В недела втор круг избори за градоначалник во пет општини

В недела, на 19 април, ќе се одржи вториот круг избори за градоначалник во Долнени, Зелениково, Маврово и Ростуша, Студеничани и Чучер Сандево.

Гласањето, како што соопшти Државната изборна комисија, ќе се спроведува на 123 избирачки места кои ќе бидат отворени од седум до 19 часот.

Во изводите од Избирачкиот список се запишани 44 илјади и 240 избирачи. На гласачките ливчиња ќе бидат имињата на двајцата кандидати кои во првиот круг освоиле најголем број гласови.

 

Copyright © 2009 selotejp.com