Европската унија утре ќе биде домаќин на средбата со Словенија и Хрватска, за да се обиде да го реши спорот, кој го блокира напредокот на Загреб кон присоединувањето кон Унијата, изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Спорот меѓу двете поранешни југословенски републики ги запре преговорите на Хрватска кон Еу, бидејќи Словенија како земја-членка има право на вето врз напредокот на преговорите.
- Ако спорот не биде разрешен брзо, Хрватска може да не ја исполни целта да ги заврши преговорите за членство оваа година и да се присоедини кон ЕУ во 2010 или 2011 година, посочија дипломати.
Оли Рен изјави дека ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Хрватска и на Словенија во среда. Негова цел ќе биде да се обиде да постигне договор, кој што ќе овозможи на ЕУ да ги продолжи наредните преговори за членство со Загреб, кои се очекуваат да продолжат во петок.
На брифингот Оли Рен ги нарече одговорите на двете страни на последниот компромисен предлог на комисијата „многу сериозни и интелектуално многу детално подготвени“, но не откри детали.