-->

Он-лајн боледување

Жена од Швајцарија добила отказ, откако нејзиниот работодавец приметил дека дремела на Фејсбук за време на нејзиното боледување, кое го зела тврдејќи дека е премногу болна за да работи на компјутер.

Жената и рекла на управата на компанијата "Нешнл Свис" дека поради мигрена мора да лежи во мрачна соба. Меѓутоа, компанијата открила дека за време на боледувањето нивната вработена го користела Фејсбук, што како што е сопштено, ја уништила довербата во неа и довело до отказ.

Меѓутоа, жената тврди дека е невина. За швајцарските медиуми изјави дека пристапила на интернет од iPhone, додека лежела во кревет и го обвинила колегата кој ја забележал на Фејсбук за шпиунирање.

Како што тврди, компанијата направила лажен профил на Фејсбук, кој се спријателил со неа, што му озвозможило на "Нешнл Свис" да ги контролира нејзините он-лајн активности. Нејзините сомнежи се зголемиле, кога "пријателот" од Фејсбук изненадно исчезнал, откако била отпуштена.

Управата на компанијата вели дека во прашање е чиста логика - на оние на кои им е доволно добро за да го користат Фејсбук, можат и да работат.

 

Copyright © 2009 selotejp.com