Еден од ефектите на американското трговско ембаргото врз Куба е тоа што улиците се преполни со стари американски автомобили, кои се возеа и во времето кога пред 50 години Фидел Кастро дојде на власт.
По повеќегодишната економска криза која сеуште ја дрма оваа земја, кога станува збор за изгледот на своите автомобили, Кубанците станаа мајстори за импровизации.
Единствените автомобили што на Кубанците со закон им се дозволени да ги купат или продадат, се оние што се произведени пред револуцијата во 1959 година.
Иако за нас оваа глетка можеби изгледа воодушевувачка и интересна, само сопствениците на овие автомобили знаат колку всушност е тешко да се одржува едно возило во Куба. Најчесто, тие сами ги реставрираат и подобруваат старите автомобиски делови или сами ги прават од почеток. Погледнете како изгледа 1959-та преточена во 2009-та.