-->

И рибите може да добијат морска болест

Германските научници објавија резултати од истражувањето според кое дури и рибите можат да добијат морска болест, да позеленат и да повраќаат.

Штудгартскиот зоолог др. Реинхолд Хилибиг ја истражувал бестежинската состојба во водата во склоп на студијата за исчезнувањето на гравитацијата во вселената.

Во мал аквариум тој сместил 49 риби и го качил во авион, притоа во текот на летот тој ја симулирал состојбата која се јавува во бестежинскиот простор. Рибите позелениле околу шкргите и чудно се однесувале.

- Тие потполно го изгубија чувството за рамнотежа и се однесуваа исто како луѓето кога ќе добијат морска болест, изјави Германецот.


 

Copyright © 2009 selotejp.com