-->

Спиењето поврзано со дијабетес

Лицата кои премалку спијат, како и оние кои преспиваат имаат поголеми изгледи да добијат дијабетес, тврдат научниците.

Шестгодишната студија, во која учествуваа 276 волонтери, покажа дека лицата кои не спијат по седум до осум часа во текот на ноќта имаат двојно поголеми шанси да се разболат од дијабетес тип 2.

Резултатите, објавени во стручниот магазин „Sleep Medicine“, укажуваат дека возрасните лица треба да спијат по седум-осум часа доколку сакаат да се заштитат од дијабетес или прерана смрт.

Научниците се уште не можат да ја утврдат која е причината за ваквата појава, но некои претходни истражувања покажаа дека часовите минати во спиење се поврзани со прекумерната телесна тежина, кардиоваскуларните болести и зголемената стапка на смртност.

Прекумерната телесна тежина е поврзана со дијабетесот, но ризикот за оваа болест е уште поголем доколку на тоа се додадат и навиките за спиење.

Друго постаро истражување укажа дека недостатокот на сон придонесува за нарушено излачување на хормонот кој ја контролира желбата за високо калорична храна, гладот и трошењето енергија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com