-->

Самитот во Порт оф Спејн заврши без согласност по завршната декларација

Петтиот самит на земјите од Северна и Јужна Америка заврши денеска во Порт оф Спејн без лидерите на 34 држави да постигнат согласност по завршната декларација, соопшти премиерот на Тринидад и Тобаго, Патрик Манинг.

Повеќето од лидерите од радикалната левица предводени од венецуелскиот претседател Уго Чавез ја оценија како „неприфатлива“ завршната декларација, бидејќи, според нив, во неа не се повикува на укинување на ембаргото на САД кон Куба.

Наспроти тоа што на Форумот не беше постигната согласност, тој позитивно беше оценет од учесниците и од набљудувачите. На Самитот лидерите на Северна и Јужна Америка беа задоволни од говорот на американскиот претседател Барак Обама кој предложи „нова ера“ во односите со Латинска Америка.

Исклучена од Организацијата на американските држави во 1962 година, откако е во сила американското ембарго, Куба не беше поканета на Форумот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com