-->

Дејвид Бекам - најбогат спортист во Британија

Еден од најпопуларните фудбалери на светот во текот на неговата кариера има заработено толку многу, што вториот на листата го "шиша" со скоро двојно повеќе пари. Богатството на Бекам се проценува на 125 милиони фунти.

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација и актуелниот член на Милан Дејвид Бекам (34) е најбогатиот британски спортист според овогодинешната листа на најбогатите Британци, која во своето виканед издание ја објави The Times.

Според The Times, богатството на Бекам се проценува на скоро 125 милиони фунти, што е скоро за 40 посто повеќе од второпласираниот на листата, поранешниот боксерски првак во тешка категорија, Ленокс Луис. Наредните седум места ги заземаат поранешни и актуелни возачи на Формула 1.

Инаку, со своите 125 милиони фунти, Бекам е дури на 426-то место на најбогатите Британци, а на врвот на листата е сопственикот на челичарници, Лакшми Митал.

 

Copyright © 2009 selotejp.com