-->

За Apple нема криза

Финансиските резултати на Apple во вториот фискален квартал ги надминаа сите очекувања на аналитичарите од Wall Street.

Компанијата пријави приход од 8.16 милијарди долари, добивка од 1.21 милијарди долари, односно добивка по акции од 1.33 долари.

Колку за споредба, само оптимистички настроените аналитичари предвидуваа максимален профит од околу 7.9 милијарди долари и 1.08 долари по акција.

Резултатите во последен момент ги "испеглa" одличната продажба на тандемот наречен iPhone и iPod, па така во овој период беа продадени 3.79 милиони iPhone-и (речиси пола милион повеќе од очекуваното) и 11.01 милиони iPod-и - за кои беше предвидена продажба од 10 милиони.

Продажбата на Mac е во линија со очекувањата и изнесува 2.22 милиони испорачани сметачи. Колку се добри финансиските резултати говори и фактот дека и самата компанија изјави дека ова е најдобриот финансиски квартал во историјата на Apple, а со обзир дека сето ова се случува во време на глобалната финансиски криза - успехот е уште поголем.

 

Copyright © 2009 selotejp.com