-->

Денеска е светски ден на книгата и авторското право

Колку Македонија ги штити правата на човекот –творец ? Дали неговата рожба е негова светост? Земјава може да се пофали со потпишани повеќе меѓународни конвенции за авторско право, меѓу кои и онаа на УНЕСКО. Сепак творците, музичарите, писателите велат дека не е доволно само да се донесуваат законски решенија туку истите треба и да се почитуваат.

„Тоа е се малку не дефинирано и виртуелно со години сум не задоволен на начинот на кој мојата музика е заштитена или обештетена член на повеќе авторски друштва можам да ви кажам дека мојата заштита изнесува колку една и пол просечна плата а моите концерти се вртат по телевизиите и радијата“ , изјави Влатко Стефановски.

Творците на пишаниот збор велат дека последните години, Министерството за култура направило повеќе заложби за регулирање на авторските права, но дека оваа материја бара постојани надградби.

„Декларативно па и на овој ден, се зборува но малку се прави, овие и така мали авторски права воопшто не постојат за писателите, еве јас 3 – 4 децении зборувам за тоа редовно сум плаќал такси на МТВ а никогаш ништо не сум добил ни денар хонорар“ , изјави Ефтим Клетников.

„Секако дека не е декларативно туку и практика. Јас мислам дека се создава благопријатен амбиент“ , изјави Бошковски.

Министерството останува непоколебливо во заштитата на авторските права и користењето на тие вредности порача во својата порака од светскиот ден на книгата и авторското право министерката за култура Елизабета Кначевска Милевска.

На светскиот ден на книгата и авторското право љубителите на пишаниот збор на свеченоста во универзитетската библиотека наградени со роза и порака. Книгата треба да биде главен образовен медиум и на мажот и на жената, да се чита и да се пишува особено денес, кога секој петти жител во светот е неписмен – се вели во пораката на генералниот директор на УНЕСКО Коичиро Мацура.

 

Copyright © 2009 selotejp.com