-->

Баерн би бил прв без судиски грешки


Според анализите на веб страницата Wahretabelle.de (вистинска табела) која ги следи судиските грешки и води табела според резултаите кои би требало да бидат реални, Баерн излегува најоштетен.

Според нив, Баерн е оштетен со дури 7 бундеслигашки поени, а со оглед на тоа што на Волфсбург му се поклонети два поени, Баерн би бил во предност од дури шест бода.

Интересно би било што Хамбург би го имал петтото место со 13 поени заостанување зад Баерн. А, во реалната табела е на делба на втората позиција со ист број на поени.

Како три најдрастични грешки кои ги забележа германската јавност, а ги истакува Bild се:

* Хамбург - Баерн 1-0, поништен регуларен гол на Лука Тони, еден поен помалку.

* Борусија Менхенгладбах - Баерн 2-2, недосуден пенал направен врз Лам, два поени помалку.

* Баерн Келн 1-2, поништен регуларен гол на Мирослав Клосе, недосуден очигледен пенал врз Донован, три поени помалку.

Тренерот на Баерн, Јирген Клинсман се заинтересира за оваа статистика но не ги обвини судиите.

„Никогаш не сум слушнал за таа веб страница. Во секој случај се работи за интересни податоци. Но, нема за што да се приговара. Судиите имаат тешка работа и не се потребни нови полемики. Ние ќе сториме се што можеме да после 34 коло бидеме први на вистинската бундеслигашка табела.“


Легендата на Баерн, Франц Бекенбауер исто така се согласува со Клинсман.

„Не ме изненадуваат резултатите. Цело време имам чувство дека имаме проблеми со судиите. Не оштетуваат, но во тоа нема никакви намери; како кај главните, така и кај помошните судии.“

За разлика од челниците на Баерн, поранешниот тренер на Баерн, а актуелен на Волфсбург, Феликс Магат со поинаков став.

„Мене тоа ми е смешно. Само во минатото коло против Баер Леверкузен изборив четири судиски грешки кои би биле во наша корист.“

Бундеслигашката табела според Wahretabbele.de изгледа вака:

1. Баерн Минхен (моментално 2.) 61 поен (моментално 54) +7 поени 63-35 гол разлика
2. Волфсбург (моментално 1.) 55 поени (моментално 57) -2 поени 63-36 гол разлика
3. Штутгарт (моментално 5.) 55 поени (моментално 51) +4 поени 51-39 гол разлика
4. Херта (моментално 4.) 49 поени (моментално 52) -3 поени 46-36 гол разлика
5. Хамбургер (моментално 3.) 48 поени (моментално 54) -6 поени 44-42 гол разлика

 

Copyright © 2009 selotejp.com