-->

Видете го разулавениот Пепе


Одбранбениот фудбалер на Реал тотално полуде. Прво го турна противничкиот играч во казнетиот простор, а потоа го исшутира неколку пати додека лежеше на теренот. Ни тоа не му беше доволно, па подели уште некој удар и го навреди судијата.

Тешко дека некој, а и самиот Пепе би знаел, што се случуваше во неговата глава при крајот на првенствениот меч против Гетафе, кога го нападна противничкиот играч Франциско Каскеро.

Прво го турна во шестнаесетникот и направи пенал, а потоа два пати го исшутира додека тој лежеше на теренот. И тоа не му беше доволно па го удри Албин в глава, а претходно заработи директен црвен картон.


Меѓутоа, неговото шоу не заврши тука, веќе при излегувањето од теренот му дофрли на четвртиот судија дека сите тие се ’курвини синови’.



За среќа на Реал, Касиљас го одбрани пеналот, а потоа успеа да направи комплетен пресврт победувајќи со 3:2, со што остана во трка за титулата.


На крајот ги прекрши и правилата кога се приклучи на останатите играчи при прославата на победничкиот гол.

„Не знам што ми се случи. Се чувствувам грозно, никогаш во кариерата ми се нема случено ништо слично. Ги молам навивачите за прошка. Многумина знаат дека не сум таков, но бев напнат. Можам само да кажам дека ми е жал. Направив лоша работа, но и јас сум само човек кој некогаш збеснува. Знам дека морам да бидам санкциониран“, изјави утринава Пепе, кој би можел да биде казнет со шест натпревари неиграње, односно во тој случај за него првенството би било завршено.

 

Copyright © 2009 selotejp.com