-->

Религиозниот Боно

Фронтменот на групата U2 Боно Вокс призна дека поради својот карактер е само на чекор од зависноста и дека против своите демони и искушенија се бори со духовност, молитви и одење во црква.

Боно Вокс призна дека се бори против својата "темна" страна, која го наведува на погрешен пат, со молитви и одење во црква.

"Во минатото, посебно во последните неколку години бев опкружен со зависници. Еден дел од мене помислуваше: Јас сум само на чекор до тоа", изјави Боно, кој како што откри, за да ги победи своите искушенија станува во шест часот наутро, кога порано се враќал од забави, за да се моли.

"Медитативниот живот ја храни мојата душа и прекрасна работа е што оддвојувам време за да размислам за работите и да поминам некое време сам со себе", изјави Боно за Irish Independent.

 

Copyright © 2009 selotejp.com