-->

СМК: Уставниот суд ги суспендира правата и слободите на граѓаните

Светскиот македонски конгрес (СМК) преку соопштение до медиумите го повикува Уставниот суд да ја преиспита одлуката за укинување на веронауката.

- Ниту Уставниот суд е безгрешен, ниту е грев да се признае дека со погрешно читање на Уставот, за жал, се суспендирани правата и слободите на граѓаните. Ниту одвоеноста на верските заедници од државата значи секуларизам, ниту секуларизмот значи атеизам, уште помалку забрана за алтернативно изучување на историјата на религиите или на веронауката во државните воспитно-образовни установи, туку немешање на државата во канонскиот поредок на верските заедници, како и немешање на верските заедници во уставно-правниот поредок на земјата, се вели во соопштението од СМК.

Од Светскиот македонски конгрес го потсетуваат Уставниот суд државата, токму врз основа на членот 56 од Уставот, е должна да гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство и на сите заедници во Македонија, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим, а дел од тоа богатство, покрај археолошките артефакти од историјата се и речиси сите цркви и манастири на Македонската православна црква и џамиите од времето на Отоманската империја.

Воедно СМК ја охрабрува Владата повторно да го воведе алтернативното изучување на историјата на религиите и на веронауката во воспитно-образовните установи.

 

Copyright © 2009 selotejp.com