-->

ДИК ги одби сите приговори за повторното гласање за градоначалник

Државната изборна комисија, на седницата што заврши доцна синоќа ги одби сите 13 приговори поднесени за гласањето за избор на градоначалник, што се одржа на 19 април 2009 година.

Како што соопшти ДИК, приговорите се однесувале за сумирањето и утврдувањето на резултатите.

Еден приговор бил поднесен од Група избирачи и се однесувал на општината Зелениково, а 12 приговори биле поднесени од овластениот претставник на ВМРО-ДПМНЕ и се однесувале на општина Долнени.

Подносителите на приговорите имаат право на жалба до Управниот суд.

 

Copyright © 2009 selotejp.com