Кој рано рани – посиромашен останува
Поговорката „Кој рано рани две среќи граби“ е погрешна, покажа последното белгиско истражување, според кое „ноќните птици“ во просек се попаметни, побогати и поуспешни.
Студијата, објавена во магазинот „Science“, покажа дека лицата кои рано се будат потешко ја одржуваат концентрацијата од оние кои наутро сакаат да полежат в кревет.
Доброволците, кои биле поделени во две групи спиеле по ист број часови и добивале исти работни задачи, при кои им го скенирале мозокот. Двете групи биле подеднакво успешни кратко после будењето, но десет часа подоцна „ноќните птици“ заблескале, биле побрзи и поконцентрирани. И покрај тоа што подеднакво спиеле, ранобудците побргу се заморувале.
Др. Филип Пејгнокс од белгискиот универзитет „ Liege“ вели дека за време на тестовите кои се вршени во вечерните часови, „ноќните типови“ луѓе биле поодморни и побрзо ги завршувале своите задачи.
Истражувањето исто така покажало дека ноќните типови луѓе се побогати од утринските.
Претходните истражувања покажаа дека касното будење е веројатно запишано во ДНК-та. Експертите веруваат дека поделбата на два тип е последица на еволуцијата, и тоа дека таа датира уште од Каменото време. Ноќните птици останувале будни за да чуваат стража, додека ранобудците биле задолжени за собирање храна. Потребата за поголем број ранобудци се јавија со развојот на земјоделството, а тогаш настанала и славната, но погрешна поговорка.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)