-->

Баерн го смени Клинсман


По десет месеци поминати на клупата на Баерн, поранешниот селектор Јирген Клинсман сменет е од позицијата тренер на Баварците, заради лоши резултати.

Оваа одлука на управата на клубот следеше откако Баерн во саботата беше поразен на домашен терен од Шалке со 0:1 и со тоа си ги намали шансите за освојување на Бундеслигата.

Баварскиот клуб моментално е трет на листата и само благодарение на поразот на Волфсбург се уште може да се надева на титулата.

До овој подвиг Баерн привремено до крајот на сезонава ќе го води Јуп Хејнкес, тренер на Баварците од 1987 до 1991.

 

Copyright © 2009 selotejp.com