Иако Англија веќе 20 години забранува оградување на стадионите, од време на време се присетува колку тие можат да бидат корисни.
Последната инвазија на терен ја направија навивачите на Southampton, оваа сабота на натпреварот против Burnley со влегувањето на терен тие го ’прославија’ падот на Southampton во третата англиска фудбалска лига. Домашните навивачи втрчаа на терен и покрај големиот број на редари, полицијата и нивните кучиња, но контактот со навивачите на Burnley бил за малку избегнат.