-->

Венгер: Англиските тимови ќе ја загубат доминацијата

Интересна изјава даде менаџерот на Арсенал, по донесувањето на новиот закон за данок на приход во Англија, според кој даноците што треба сите, вклучително и фудбалерите и сопствениците на тимовите да ги плаќаат.



Имено, Венгер изјави дека за очекување е дека многу од странските инвеститори ќе го намалат својот интерес за Премиер-лигата, слично како и некои фудбалери, што би резултирало со послаб севкупен квалитет на лигата.

На прашањето дали англискиот фудбал премногу се базира на увезен талент, Венгер одговори:

“Не грижете се, времето во кое странците доминираа во Премиер Лигата наскоро ќе помине, најмногу поради поради новиот закон за данок, но и поради падот на фунтата (вредноста на фундатата во изминатиот период бележи пад од околу 1,45 евра за една фунта на сегашните 1,10).”

“Доминацијата на екипите од Премиер Лигата ќе се намали, сигурно,. Сите англиски клубови ќе се соочуваат со тој финасиски проблем.”

Интересно, иако ваквите зборови од устата на Венгер најавуваат лош период за англискиот клупкси фудбал, освен повисоките приходи во државата, можеби Англија би добила и повеќе квалитетни фудбалери, заради што би се подигнало и нивото на успех на репрезентативно ниво.

 

Copyright © 2009 selotejp.com