-->

Гаџет на денот: глувче за мералкиите на злато

Кога ќе кажеме злато, не мислиме на накит туку на златни прачки, кои последните години ги развеселуваат своите сопственици со растот на вредноста, додека на се друго му опаѓа цената. Ова глувче на себе нема вистинско злато, но изгледа како верна реплика на една таква прачка.

Глувчето кое го гледате на сликата се вика Gold Bullion Wireless Mouse и нема никакви посебни опции кои би го разликувале од некој стандарден глушец со опција за безжичната поврзливост.

Како што рековме, од вистинско злато на него нема ни трага, а помалку високата цена од 34.68 долари ја оправдува исклучиво неговиот дизајн. Кога ќе си го купите, ви останува единствено да си набавите позлатено куќиште, тастатура и монитор и ќе имате работна површина каква што веројатно (но со вистинско злато) има султанот од Брунеи :)

Кој е за купување, бујрум.

 

Copyright © 2009 selotejp.com