-->

Ферари се инспирира од поразите

Италијанскиот тим во своето соопштение до медиумите во пресрет на малезиското гран при открива дека иако атмосферата во екипата не била на највисоко ниво по првата трка во Австралија, тоа воопшто не е новина за нив и дека тоа ги инспирира да работат напорно за да се вратат на врвот.

Меѓу посочените работи за неуспешното претставување на Алберт парк се и пневматиците, при што се спомнува дека двете понудени опции на Бриџстоун јасно се разликуваат по своите перформанси, но и по своите рангови на работна температура.

Според соопштението, меките гуми кои покажале едно ниво на перформанси при повисоки температури, ги немале истите кога температурата опаднала, бидејќи трката се возеше со старт во 17 часот по локално време.

 

Copyright © 2009 selotejp.com