-->

Џерард во Ливерпул до 2013 година

Капитенот на англискиот Ливерпул Стивен Џерард денес постигна договор со управата за продолжување на договорот до 2013 година.

Претходниот договор на 28-годишниот Џерард му истекуваше во 2011 година, но најдобриот играч на "црвените" одлучи да ја продолжи соработката, по останувањето на менаџерот Рафаел Бенитес.

"Ова е навистина фантастична вест и за клубот, и за нашите навивачи", изјави Бенитес и додаде дека со овој потег Џерард уште еднаш ја искажа својата приврзаност кон Ливерпул.

Шпанскиот стручњак пренесе дека џерард им порачал на сите дека сака да остане во Ливерпул до крајот на кариерата. Џерард игра за првиот тим на Ливерпул веќе 11 години и досега има постигнато 68 голови на 328 натпревари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com